четврток, 30 септември 2010

Дел Боске го изостави Чави од списокот

Чави Хернандез не е повикан во тимот кој Висенте дел Боске ќе го предводи на наредните два квалификациски натпревари за ЕУРО 2012 против Литванија во Саламанка на 8. октомври и четири дена подоцна, во Глазгов против Шкотска.


Останатите 7 играчи на Барса кои го освоија Светското првенство летово се повикани во тимот: Валдез, Пике, Пујол, Бускетс, Иниеста, Педро и Виља ќе се борат за стартно место во првата единаесетка на Ла Фуриа Роха.


Чави не е повикан поради ситна повреда која го мачи подолго време. Во официјалното соопштение од клубот стои дека поради акутната фаза на повредата, Гвардиола, играчот и дел Боске се согласиле дека најдобро е играчот да одмори во тој период и да работи на своето закрепнување. После тестовите кои се закажани за утре ќе биде одлучено дали Чави ќе игра против Мајорка во недела.

Серџо Бускетс првенствено беше планиран од селекторот на репрезентацијата до 21 година Луис Миља да им помогне на своите врсници во двата важни натпревари кои престојат, еден двомеч против Хрватска преку кој Шпанија се бори за пласман на завршниот турнир на ЕП кој ќе се одржи во Данска догодина, исто како и за место на Олимписките игри во Лондон во 2012.

Бускетс начелно ентузијастички ја прифати поканата на Миља, сакајќи да и помогне на младата селекција [и да игра на Олимпијада, нормално], меѓутоа дел Боске одлучи дека Буси му е попотребен нему, па не му дозволи „да слезе од коњ на магаре“ иако играчот беше подготвен на тоа.

Од Барса во Шпанија У-21 се повикани Бојан Кркич, Жефрен, Тиаго Алкантара и Рубен Мињо.

Нема коментари:

Објави коментар