понеделник, 20 септември 2010

Сакате ли Пујол да се пензионира на 40 години?

Една од најпопуларните групи на Фејсбук последните 24 часа е онаа која носи наслов „Карлес Пујол: Ако се соберат 250.000 фанови, ќе се пензионирам на 40 години“ [Carles Puyol: "Si esto consigue 250.000 fans me retiro a los 40"]. Групата расте вртоглаво и според нашите проценки веќе за неколку дена ќе ја постигне посакуваната бројка.

За што станува збор?. Во описот на групата стои дека наводно Пујол на еден свој пријател му рекол дека доколку се соберат 250.000 фанови во една група, тој ќе ги обеси копачките на клин на 40-годишна возраст. Вистина или само уште една интернет шега, сеедно, навивачите [да, и ние] ова си го сфативме сериозно :)



Утрово групата имаше 50.000, во моментов на пишување на овој текст, повеќе од 80.000 фанови. Еј, ако е вистина би било навистина лудо. Ама штом ја одложи пензијата од шпанскиот дрес [барем] до 2012. зошто да не очекуваме дека би можел да е наш капитен до 40-ката? Ништо не губите ако на овој начин ја искажете вашата желба, доколку е таква, Карлес Пујол да биде el capitano на Барса до 13. април 2018 година ;) [друга варијанта освен онаа дека кариерата ќе ја заврши во Барселона не разгледуваме - иако е можна - Гвардиола е еден пример, иако Пујол има малку поинаков ментален код од Пеп].

Ова е групата во која мора да се зачлените.

Нема коментари:

Објави коментар