сабота, 25 септември 2010

Via Total Barca: Кауза која бара одбрана

Со задоволство ве информираме дека започнавме и официјално една за сега симболична соработка со нашите пријателчиња од TotalBarca.com, еден одличен блог на англиски јазик посветен на ФК Барселона. Договорот е во прво време едноставно да ве линкуваме до одредени статии по наш избор кои сметаме дека се интересни за читање. Подоцна ќе започнеме и со авторизиран превод на статиите на македонски јазик.

Па за денес конкретно се одлучивме за првиот дел од серијалот A New Barca, посветен на „новиот лик“ на тимот, а во овој серијал линија по линија, дел по дел од тимот ќе биде предмет на анализа. Во конкретниов случај, станува збор за одбраната на Барса, во еден добар текст напишан од Spencer.

Еве еден мал дел од текстот:

„...Но веројатно најважната работа, клучната причина поради која Маскерано беше доведен во тимот, е за нашите деструктивци да станат токму такви - деструктивни. Мора да бидат поагресивни, посилни при стартовите и спремни да ја завшрат „валканата“ работа кога мора. Судејќи по двата непотребни (а сепак важни) жолти картони кои Маскерано веќе ги доби, во ова тој ќе биде далеку поуспешен од далеку покревкиот, полесен Бускетс...“

Целиот текс, на англиски, го имате тука, на овој одличен блог посветен на Барселона со кој веруваме дека ќе имаме взаемна одлична соработка.

Thank you guys, long live Total Barca :)

Нема коментари:

Објави коментар