среда, 29 септември 2010

Рубин-Барса: Дали паметниот учи од грешките?

Додека каталонските медиуми повикуваат на реванш и одмазда за минатогодишните дуели, а Русите се влажнат на можноста за запишување на уште еден историски резултат. Барселона со и без Меси покажа карактер сезонава, победувајќи на тешки гостувања, додека Рубин Казан после 20-тина одиграни натпревари во рускиот шампионат има совршено темирана форма за да ја одигра неговата игра против Барса, за која настапот на Меси е се' уште енигма.

ЛОШ, ЛОШ РУСИН


Со Лео Меси или  без него, Барселона покажа дека умее да игра и на „тешки“ терени, како тој во Мадрид и „катедралата“ Сан Мамес во Баскија, традиционално незгодни за блауграна експедицијата, но овој во Казан е значаен по минатата сезона.

Прво, теренот е домашен на тимот кој избори убедливо најдобар скор од сите екипи кои играа минатата година против Барса: една победа [на Камп Ноу] и реми без голови токму на овој стадион. Втората работа која вреди да се спомне во случајов е што подлогата од минатата година „изчезна“ после едни обилни врнежи на снег. Централни годинава има нова трева, која е пократка од минатогодишната - нешто што е многу важно за играта на Каталонскиот клуб.

Гвардиола на прес конференцијата изјави дека очекува „ужасно тежок натпревар“, кој би можел да се споредува со оние од минатата година: „Тие натпервари ни покажаа колку добра екипа е Рубин. Ни зедоа 5 од 6-те бода кои можевме да ги освоиме, толку добри се. Имам видено многу малку екипи кои умеат да се бранат така добро“.

„Човек секогаш мора да биде претпазлив. Но, имам убаво чувство... Последните натпервари покажуваат дека тимот, играчите асимилираат стари и нови концепти... Мислам дека ќе имаме добра година. Симптомите се добри“, вели Гвардиола.

Барселона никогаш не загубила во Русија, победувајќи на еден, ремизирајќи четири натпревари. Рубин од друга страна го загуби првиот меч во ЛШ од Копенхаген, и бодови од оваа средба му се очајно потребни доколку сака да го продолжи својот европски сон сезонава.

Русите се и единствената екипа, покрај Челзи, која Барселона не успеала да ја победи во еден двомеч под водство на Гвардиола. Но, сега е време за менување на историјата, како што беше направено на традиционално тешките терени Висенте Калдерон и Сан Мамес. Време е да се израмнат сметките со Рубин.

Противникот е крајно мотивиран. Клубот им се обрати на своите навивачи да дојдат униформирани на стадион, организирајќи шоу програма и наградни игри два часа пред почетокот на мечот. Во официјалното соопштение стои дека е [парафразирано] „неопходно публиката да ја пренесе својата енергија на теренот, за клубот да може да оствари една величенствена победа“.

РУСКИ ОРГИИ ВО КАТАЛОНИЈА
И токму тука може да биде каменот на сопнување на Барса. За нас, ова е натпревар кој треба да помине, со настап или без настап на Лео, кој многу сака да се појави во тимот, и утре тој повторно да биде во добра форма, а зглобот да му е подобар отколку што му е во моментот. За Рубин ова е меч на живот или смрт [океј, не толку драматично, но очајно им требаат бодови] односно меч во кој победата ќе ги вивне „во височините на евро фудбалот, како што тоа се случи минатата година после победата на Камп Ноу“ [уште еден дел од соопштението кое на официјалниот сајт клубот го адресираше до своите навивачи]. Кога сме кај ланскиот фамозен меч во Каталонија, еве уште една информација: Сергеј Семак, дел од тимот кој замина со триумф од Барселона во чест на големата победа својата ќерка ја крсти - Барселона.

За фанатичноста и пасијата, која гарантира дисциплинирана игра во која домаќините прво ќе го бранат својот гол, чекајќи прилика како грабливци да ги фатат на спиење дефанзивците на Барса, не треба да се зборува особено. Барса мора да биде крајно внимателна, бидејќи Русите покажаа дека знаат како да ги материјализираат и минималните прилики кои би ги имале.

Ама, и ние имаме „свои коњи за трка“. Со „реванш“ како мисла која ќе ги води на жешкиот терен на Централни во Казан. Анкетата поставена на овој блог [Како ќе поминеме во Русија?] вели дека 58,33% од читателите на блауграна.мк сметаат на победа на Барса. 20,83% ја одбраа опцијата „Како слон во стаклара“, додека 12,5% се задоволни со 1-1.

Предвидување: Рубин Казан 1-2 Барселона

Нема коментари:

Објави коментар