вторник, 21 септември 2010

Соработката меѓу Барселона и УНИЦЕФ продолжува!

Една година пред истекувањето на 5-годишниот договот меѓу ФК Барселона и УНИЦЕФ, потпишан на 7. септември 2006, новото раководство предводено од Сандро Росељ веќе се сретна со челниците на интернационалната агенција на ООН за деца со цел да се воспостави продолжување на соработката на уште подолго време, да се зацврстат темелите на истата и да се продлабочат заедничките проекти на клубот и УНИЦЕФ.

Како што Росељ најави во предизборната кампања, во која се фокусираше на „прекрасното лого на УНИЦЕФ кое се наоѓа на дресот на Барса и му дава универзална димензија на клубот“, една од целите на неговиот мандат е да се консолидира договорот и да се овозможи подобра застапеност и ефективност на релацијата.


Пред неколку недели, за време на еден работен ручек, Росељ лично ги предводел преговорите со највисоките лица на УНИЦЕФ, во кои била искажана взаемната сатисфакција од соработката пред да се договорат детали од новиот договор кој е реалност после тој состанок.

Актуелниот договор вклучува годишна донација од околу 1,5 милиони долари за програмите на УНИЦЕФ ширум светот, како и 0,5 милиони долари од маркетинг правата. Овие ресурси се генерираат директно од годишната сума која ја плаќаат сите членови [Socis] на клубот, односно клубот одделува околу 0,7% од своите приходи за оваа организација. Клубот нема обврска да го носи логото на клубот [според договорот, таква „обврска“ Барса имаше само во првата година од истиот], но раководството нема намера да го менува овој имиџ на Барса -  денес ретко кој може да го замисли клубот без логото на солидарноста, движење кое е признаено ширум светот.

Какви новитети ќе има како продукт на продолжувањето на соработката на клубот, ќе дознаеме наскоро. Една дополнителна причина за одлуката на Барселона наместо да инкасира и по 30 милиони евра годишно од некој спонзор, да промовира идеи, пораки и хуманитарни движења е и одлуката на раководството на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, клуб кој од оваа година наместо рекламата на Toyota на своите дресови ќе носи порака: Фудбалот е забава, наменета за италијанската младина :) Еј, поставуваме супер позитивен пример! Аплауз за оваа одлука на „Виола“, но пред се за старо-новите раководства на Барса кои се дефинитивно про-УНИЦЕФ.

Море не аплауз, туку бавно, ентузијастично локомотивно аплаузиште! :)

Нема коментари:

Објави коментар