четврток, 23 септември 2010

Росељ: Никогаш нема да го водиме клубот како Волт Дизни

Претседателот на ФК Барселона, Сандро Росељ, учествуваше на конференцијата за фудбал, брендови и бизнис која во вторникот ја организираше компанијата Havas Sports & Entertainment во Каса Америка во Мадрид.

Во неговиот говор, проследен со огромен интерес на присутните, тој зборуваше прво за проектот преку кој треба интернационалните права за Шпанската лига да се продаваат во пакет: „Ние мора да го зголемиме финансискиот колач така што и другите тимови ќе може да остваруваат профит од ТВ правата. Никој не сака Примера да заврши како Шкотската лига“.


Росељ зборуваше и за идејата дека клубот е „повеќе до клуб“, односно емоција: „Само така може да се објасни фактот што имаме 190.000 членови, а 100.000 од нив немаат можност да влезат на стадион да гледаат натпревари. Спортски гледано имаме совршена можност да продолжиме со растот, но мора да бидеме подготвени и за регрес, кој ќе се случи, порано или подоцна“.

Претседателот ја коментираше и соработката која Барса ја има со УНИЦЕФ: „Покрај тоа што е согласно вредностите кои ги промовира клубот, ни дава и бенефити на долгорочен план. Барселона е омилениот клуб на децата во светот“.

Прашан за успехот на Шпанија на Светското Првеснтво рече: „Шпанската држава е многу комплексна реалност на народи и јазици, но тоа што 8 играчи од Барса беа во тимот помогна за националната кохезија. Она што ми е јасно е дека Шпанската лига е најдобрата во светот и дека на за победа на Ел Класико меѓу себе ќе се борат дури 13 светски шампиони“.

Конечно, Росељ даде и изјава која многумина ја протолкуваа како директен атак врз моделот на Реал Мадрид: „Ние никогаш нема да го менаџираме нашиот како да сме Волт Дизни“.

Нема коментари:

Објави коментар