четврток, 30 септември 2010

Збогум легендо: Едуард Манчон [1930-2010]

Едуард Манчон, ѕвезда на „тимот со петте титули“, почина на 80-годишна возраст после подолго боледување.

Легендарниот напаѓач во сезоната 1951/52 заедно со познатите имиња како Ладислао Кубала, Емилио Алдесоа, Хуан Веласко, Жоан Сегара и Антони Рамаљетс ја предводеше блауграна во освојувањето на титулата во Ла Лига, Купот на Генралисимусот [Купот на Франко животното; денешен Копа дел Реј], Латина Купот [предвесник на денешната Лига на Шампиони], Купот Мартини Роси и Купот Ева Дуарте [на некој начин, тогашен Супер Куп].

Меѓу 1948. и 1957. Манчон одигра 7 сезони во тимот, помагајќи клубот да го има еден од најуспешните периоди во својата историја. Тој беше дел од „митската“ напаѓачка линија на Барса, заедно со Басора, Цесар, Кубала и Морено.

Манчон одигра 201 натпервар за Барса, постигнувајќи 81 гол.


ФК Барселона сака да го изрази своето најдлабоко жалење за загубата на Едуард Манчон, кој беше една од легендите на тимот „El Barça de les Cinc Copes“, стои во соопштението на официјалниот веб сајт на клубот.

Maнчон е роден на 24. јули 1930 во Барселона.



Оваа генерација на фудбалери на Барса е опеана и во една песна на познатиот каталонски пејач Жоан Мануел Серат [oбратете внимание на делот од 1:50].

Нема коментари:

Објави коментар