понеделник, 20 септември 2010

Атлетико Мадрид 1-2 Барселона

Место на злосторот: Висенте Калдерон. Датум: 19.09.2010. Прекината е „клетвата“ на вториот по големина стадион во Мадрид. Барса замина со 3 бода и со страв од повредата на Лео Меси, кој за среќа после денешните тестови во Барселона официјално ќе биде надвор од строј „само“ во наредните 10-15 дена.




Тоа значи дека Лео ќе го нема на мечевите против Спортинг Хихон [во среда] на Камп Ноу и на жешкиот Сан Мамес во Билбао во сабота. Можно е да се врати во првиот тим веќе на 29. септември на гостувањето против Рубин Казан во Лигата на Шампиони, иако е поверојатно дека евентуалното враќање во тимот би му било на натпреварот против Мајорка.

Кој го гледаше мечот од синоќа, не може а да не биде задоволен од играта и борбеноста која ја покажа тимот, иако стојат забелешките дека стопроцентните шанси мора да се користат, иако секому, па и на Меси и Виља може да им се случи - да погрешат. Сепак, луѓе се :)

Воедно, со овој пост воведуваме практика во иднина да ги постираме сите „хајлајти“ од актуелните натпревари на Барселона, како и повремено да се потсетуваме на некои мечеви од минатото, кои вреди да се погледнат повторно и повторно. Чисто, за следење на континуитетот и напредокот во тимот.

Нема коментари:

Објави коментар